МНР на Египет: Египет планира да возобнови врските со Русија

Египет сака да ги возобнови односите со Русија, враќајќи ги на нивото на кои беа во минатите години, изјави во Каиро министерот за надворешни работи на Египет, Набил Фахми, после средбата со рускиот колега Сергеј Лавров.

Египет сака да ги возобнови односите со Русија, враќајќи ги на нивото на кои беа во минатите години, изјави во Каиро министерот за надворешни работи на Египет, Набил Фахми, после средбата со рускиот колега Сергеј Лавров.

„Ние се обидуваме да имаме цврсти долготрајни односи со Русија, почитувајќи ја улогата на таа држава во однос на Блискиот Исток и на светската сцена. Се стремиме да ги активираме односите кои беа добри порано, но не за да замениме некоја друга држава. „Тежината“ на Русија е голема, и таа не може да стане замена за некоја друга држава“, изјави министерот за надворешни работи на Египет.

Министрите за одбрана и надворешни работи на Русија дојдоа во Каиро на преговори со своите египетски колеги. После завршувањето на билатералните средби, Лавров и Шојгу ќе бидат примени од египетскиот претседател.

Советскиот Сојуз од 1955 до 1972 година им даваше на Вооружените сили на Египет воена и инженерско-техничка помош. Советскиот Сојуз во тие години имаше распоредено до 20.000 војници на територијата на Египет. Соработката во воената сфера меѓу двете држави прекина после промената на раководството во државата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња