Бројот на невработени во Русија порасна за 2.000 од почетокот на ноември

Во септември годинава официјалната невработеност во Русија изнесува 1,2%, а реалната – 5,5%.

Официјалната невработеност во првата недела од ноември порасна во Русија за 2.000 лица, што е карактеристично за есенската сезона, изјави директорот на одделот за труд при Министерството за труд и социјална заштита, Светлана Нечаева.

„Ако се зборува за последниве недели, тогаш сезонскиот раст на невработеноста започна. Но тоа е нормално, бидејќи завршува сезоната на земјоделските работи, се затвораат сите туристички места“, изјави Нечаева.

Во септември годинава официјалната невработеност во Русија изнесува 1,2%, а реалната – 5,5%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња