Викендов во Москва ќе се одржат пет значајни концерти.
Викендов во Москва
ќе се одржат пет значајни концерти:
- Во
Историскиот музеј Јулија Игонина (виолина), Марк Дробински (виолончело) и
Елеонора Карпухова (фортепијано) ќе отсвират камерни дела од Сергеј Рахманинов.
Концертот ќе се одржи во рамките на циклусот музејски програми посветени на
камерната музика.
- Во
сабота во Концертната сала „П.И. Чајковски“ ќе се затвори V Меѓународен фестивал за виолончело. Во
финалниот концерт ќе земат учество руските виолончелисти Александар Руфин и
Борис Анрианов, Џовани Солина од Италија и Давид Герингас од Германија. На
програмата се дела од Канчели, Чајковски и Мартен.
- Во
клубот P!pl ќе настапи
германскиот електронски музичар Карл Бартос, поранешен член на Kraftwerk. Во Москва тој ќе дојде со нова
аудиовизуелна програма.
- Поранешните
членови на Iron Maiden, Пол Ди`Ано и
Блејз Бејли ќе настапат на сцената на клубот Music Town. Двајцата се познати легенди на хеви-метал
музиката.
- На
сцената на Новата Опера ќе настапат „Кралевите на симфоџезот“. Во програмата се
наоѓаат дела од Гершвин и Шостакович.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.