Еден крак од гасоводот „Јужен тек“ може да биде насочен кон Косово. Како што се пренесува на конференцијата за печатот на владата на Србија, ова прашање е разгледувано на состанокот на премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер во Белград, пренесува РИА „Новости“.
Како што е соопштено, испораките на рускиот гас на Косово и во Македонија „ќе обезбедат регионална стабилност во сферата на снабдување со гас“. Техничките детали за проектот ќе бидат разгледувани наскоро. Не е прецизирано за кој дел од територијата на Косово станува збор.
Што се однесува до работата околу изградбата на гасоводот во Србија, таа ќе започне на 24 ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче