Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу допатува во дводневна посета во Србија. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, Шојгу ќе се сретне со премиерот Ивица Дачиќ и со претседателот Томислав Николиќ, како и со првиот потпретседател на владата за прашања од одбраната и безбедноста, Александар Вучиќ и министерот за одбрана Небојша Родиќ.
Најважните разговори се планирани за денешниот ден. Се очекува двете страни да разгледаат прашања за воената медицина и обуката на воените кадри, а исто така и различни заеднички проекти во областа на воената индустрија.
За време на посетата е планирано потпишување на договор за воена соработка. „Со договорот ќе бидат регулирани сите сфери на соработка“, прецизирано е во руската амбасада.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче