Путин ќе ѝ предложи на Јужна Кореја соработка со Царинската унија

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика Јужна Кореја да соработува во изградбата на космодромот на Далечниот Исток.

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика Јужна Кореја да соработува во изградбата на космодромот на Далечниот Исток, како и во рускиот кластер на бродоградежништвото, пренесува РИА „Новости“. Исто така, тој ги повика политичарите и претприемачите во Јужна Кореја да соработуваат со Царинската унија.

Во интервју за јужнокорејската телевизија КБС рускиот претседател пред посетата во Сеул изјави: „На истокот на државата сега градиме нов космодром. Ми се чини дека Република Кореја би можела да соработува во тој проект.“

Освен тоа, Владимир Путин изјави дека Јужна Кореја може да соработува со Царинската унија во која веќе членуваат Русија, Белорусија и Казахстан, а постојат перспективи да се приклучи и Киргистан и Ерменија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.