Путин го коментираше првото место кое го зазеде на листата на Форбс

Претседателот на Русија, Владимир Путин за прв пат во јавноста го коментираше првото место кое го зазеде на листата на највлијателни луѓе на светот според процената на списанието „Форбс“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин за прв пат во јавноста го коментираше првото место кое го зазеде на листата на највлијателни луѓе на светот според процената на списанието „Форбс“.

„Благодарен сум им на експертите од „Форбс“, но за тоа го мислам следново – пред сѐ човек може да се збуни при носењето одлуки. Денес еден лидер го има тој статус, а утре некој друг. Тоа е нормално, експертите си ја вршат својата работа. Но јас на тоа не посветувам многу внимание. Затоа што ако човек придава премногу значење на тоа, тоа ќе влијае на неговите одлуки.“

Да потсетиме дека кон крајот на октомври списанието „Форбс“ објави листа на највлијателни личности во светот, на чиј врв се најде Владимир Путин.

Авторитетот на рускиот претседател е познат, меѓу другото, и благодарејќи на неговата одлука Русија да пружи азил на Едвард Сноуден, како и поради мировната иницијатива во врска со Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња