Легендарниот тенк Т-34 ќе се најде на парадата на Денот на целосното ослободување на Ленинград од опсадата

Тенковите Т-34 и самоодните артилериски орудија СУ-100 ќе земат учество во воената парада посветена на 70-годишнината од Денот на ослободување на Ленинград од фашистичката опсада, соопшти за новинарите полковник Олег Кочетков.

Овој ден се одбележува од 1995 година во сеќавање на 27 јануари 1944 година, кога после 871-дневната блокада падна околу Ленинград. Воената парада ќе се одржи во Санкт Петербург на 27 јануари по седумдесетти пат.

На парадата треба да земат учество 1.500 војници од гарнизонот во Санкт Петербург, но и кадети од воените педагошки установи.

Подготовката за оваа парада ќе започне уште во текот на овој месец.

Херојската одбрана на Ленинград стана симбол на издржливоста на советскиот народ. Стотици илјади војници беа удостоени со награди, 486 добија звање Херој на Советскиот Сојуз, а од нив осуммина - дури по двапати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња