Организаторите забележуваат огромно внимание за изложбата посветена на 400-годишнината од домот на Романови, која се одржува во московскиот Манеж. Тие пренесуваат дека секојдневно дури до 13.000 луѓе ја посетуваат изложбата.
„Вниманието за изложбата е неверојатно. По 13.000 луѓе доаѓаат секој ден. Има голем број ученици“, изјави Тихон Шевкунов. Според неговите зборови, изложбата, отворена на 4 ноември, ќе се продолжи до 19 ноември поради големиот интерес на посетителите.
Според мислењето на министерот за култура на Русија, Владимир Медински, ползата од оваа изложба не е само просветителска, туку и политичка.
„Ползата од оваа изложба, безусловно, не е само просветителска, но и популаризаторска и политичка. Таа става на дневен ред многу важни прашања“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче