Околу 28% од Русите не се против возобновување на монархијата во Русија, а останатите анкетирани сметаат дека засега тоа не е можно, следува од резултатите се Серускиот центар за јавно мислење (ВЦИОМ).
„28% од граѓаните ја поддржуваат монархијата во Русија, или не се противат на возобновување на монрахизмот. Притоа, многумина и не ја поддржуваат идејата, бидејќи не гледаат човек кој би можел да стане монарх во ова време“, изјави Валериј Фјодоров, шеф на ВЦИОМ.
Според неговите зборови, дури 6% од граѓаните сметаат дека самодржавието задолжително ќе се врати во Русија, а монарх треба да стане претставник од последната династија – Романови.
13% од граѓаните сметаат дека иден монарх треба да стане некој од руските политичари или општествен деец, избран од народот на референдум.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче