Продажбата на преносни компјутери во Русија паѓа побрзо од продажбата на десктоп компјутери

Продажбите на преносни компјутери во Русија паѓаа, и тоа позабележително од нивните поголеми роднини. Сумарно земено, пазарот на компјутери во Русија се намали за речиси една третина во последнава година, соопштуваат аналитичарите.

Според последните истражувања, во оваа година во Русија се продадени околу 2,71 милиони преносни и десктоп компјутери, што е намалување од 30,7%.

Најпродавани компјутери на рускиот пазар се марките Lenovo (19,7%), Hewlett-Packard (15,5%), ASUS (14,3%), Acer (11,4%) и DNS (6,5%).

Продажбите на преносни компјутери во Русија паѓаат поради неколку фактори: забележително губење интерес кај потрошувачите за малите преносни компјутери, како и поради вртоглавиот раст на интересот за електронски таблички. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња