Претседателот на Виетнам: договорот со Царинската унија ќе ги зголеми инвестициите од Русија

Претседателот на Виетнам, Чјонг Тан Шанг смета дека договорот, кој републиката планира да го потпише со Царинската унија, ќе помогне да се зголеми обемот на трговија со Русија, како да се зголеми инвестициската дејност на рускиот бизнис во таа република.

„Земајќи ги предвид добрите политичко-дипломатски односи меѓу двете држави, перспективите за развој на нашите економии, заемната заинтересираност за успешно завршување на преговорите за Договорот за слободна трговија меѓу Виетнам и Царинската унија, јас сум уверен дека рускиот бизнис во иднина ќе ги зацврсти и прошири своите планови во Виетнам“, изјави претседателот на Виетнам во интервју за „Рускаја газета“.

„Станува збор за зголемување на активноста во енергетиката и нафтената сфера, металургијата, како и преработувачката индустрија, но исто и во сферата на високите технологии, вклучувајќи ги вселенските технологии и биотехнологијата“, додаде претседателот на Виетнам.

Освен тоа, Тан Шанг смета дека договорот ќе го зголеми обемот на трговијата меѓу двете земји до седум милијарди долари во 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња