На полскиот амбасадор во Русија му е врачена протесна нота

Амбасадорот на Полска во Руската Федерација, Војџех Зајончковски е повикан во Министерството за надворешни работи на Русија за да даде објаснување околу нередите кои ги предизвикаа полските националисти и радикални десничари.

Нередите и пожарот пред амбасадата на Руската Федерација во Варшава избија во понеделникот кога Полска го одбележуваше Денот на независноста. Полските националисти и радикалните десничари за време на „маршот на независноста“ го запалија стражарското место пред руската амбасада, а зградата на амбасадата ја гаѓаа со камења и петарди.

Полските власти веднаш го осудија нападот врз амбасадата на Руската Федерација. „Вакво националистичко дивеење со кое се нарушува територијалната неповредливост на дипломатските претставништва ја срамоти нашата земја пред светот. Тоа е злосторство и срамота, а не патриотизам“, изјави министерот за надворешни работи на полска, Радослав Сикорски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња