Крстосувачот „Петар Велики“ застана на чело на групата бродови на руската Воена морнарица во Средоземното море, изјави за новинарите Вадим Серга, официјален претставник на Северната флота.
Претходниот ден на крстосувачот „Петар Велики“ беше сместен штабот на оперативната командна група во која влегуваат бродови од Северната, Црноморската, Балтичката и Тихоокеанската флота, кои дејствуваат во рамките на заедничкиот план.
„Во овој момент од Северната флота во Средоземното море се наоѓаат три бродови. Вој овој реон е присутен големиот десантен брод „Георгиј Победоносец“, и спасувачкиот влекач „Алтај“, изјави Серга.
Групата руски бродови во Средоземното море ја сочинуваат повеќе од десет единици кои се претставени од различни видови борбени бродови - ракетни крстосувачи, патролни и десантни бродови, како и сервисни бродови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче