Москва сака да започне со реализација на крупни заеднички проекти Украина, проекти кои ќе дозволат да се зголемат капацитетите на украинската економија, но во случај доколку Киев не го потпише договорот за асоцијација со Европската унија, изјави советникот на рускиот претседател за прашања од регионалната економска интеграција, Сергеј Глазјев за весникот „Експерт“.
„Во нуклеарната сфера се планира создавање на голем производствен капацитет од затворен стил за нуклеарната енергетика, со што државата сама ќе може да произведува елементи за своите нуклеарни централи со помош на руските технологии. Тоа се проекти кои вредат десетици милијарди долари, проекти кои забележително ќе ја подобрат украинската економија“, изјави Глазјев.
Тој додаде дека ако Киев и Брисел не го потпишат договорот, се планира и проширување на соработката меѓу Русија и Украина во ракетно-космичката сфера, изградбата на атомски пловила и во авијацијската индустрија.
Властите на Русија повеќепати изјавуваа дека во случај на потпишување на договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, Русија ќе биде принудена да воведе заштитни мерки, што ќе го затвори рускиот пазар за украински стоки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче