Азаров: На Украина ѝ се потребни нормални трговско-економски односи со Русија

Украина е заинтересирана за нормализирање на трговско-економските односи со Русија, изјави украинскиот премиер Николај Азаров.

Украина е заинтересирана за нормализирање на трговско-економските односи со Русија, изјави украинскиот премиер Николај Азаров.

„За нас е многу важно да се нормализираат трговско-економските односи со Русија. За нас е важно да се задржат нарачките за нашите претпријатија“, изјави Азаров.

Претходно во медиумите беше објавена вест дека од следната година трговско-економските односи меѓу двете држави можат да се влошат.

Ситуацијата во трговијата меѓу Русија и Украина се заостри уште летово. Кон крајот на јули беше забранет увозот на чоколадни производи од најголемата кондиторска корпорација во Украина – „Рошен“, поради жалби на руската страна за квалитетот на производите.

Експертите изјавуваат дека проблемите се јавуваат поради желбата на Русија да ја натера Украина да се приклучи кон Царинската унија, или ад ја спречи земјата во текот на месецов да го потпише договорот за слободна трговија со ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња