Пратениците Антон Романов, Евгениј Фјодоров и Михаил Емелјанов дадоа предлог во Државната Дума за изгласување закон со кој кривично ќе бидат одговорни сите кои пропагандираат сепаратизам или нарушување на територијалната целосност на Русија. Доколку би бил изгласан таквиот закон, може да се претпостави дека врз основа на него веднаш би бил приведен писателот Владимир Сорокин, политичарот Владимир Жирновски или новинарската Евгенија Аљбац, пренесува „Московски комсомолец“.
Според замислата на еден од авторите на предлог-законот, во Казнениот кодекс треба да се појави член „Пропаганда на сепаратизам“ (лишување од слобода во рок од 3 до 6 години). За јавно изразување симпатии кон сепаратистичките движења можат да се довијат 3 години затвор, а за подготовка и демонстрација на информативни и рекламни материјали од сепаратистичко значење – од 5 до 7 години.
Притоа, „ако содржините се употребени преку својата службена позиција или средства за масовна комуникација“, затворската казна би изнесувала 20 години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче