Рускиот крстосувач „Варјаг“ вплови во Александрија

Командниот брод на Тихоокеанската флота, ракетниот крстосувач „Варјаг“, кој извршува воени задачи во Средоземното море, за прв пат после неколку децении заплови во Александрија во Египет.

Командниот брод на Тихоокеанската флота, ракетниот крстосувач „Варјаг“, кој извршува воени задачи во Средоземното море, за прв пат после неколку децении заплови во Александрија во Египет.

„Во текот на шестдневната неофицијална посета, руските морнари ќе имаат протоколарни посети кај гувернерот на провинцијата Александрија, ќе ги посетат воените бродови на Воено-морските сили на Египет и ќе земат учество во спортските натпреварувања по фудбал со своите колеги од египетските ВМС“, изјави за новинарите Роман Мартов, претставник на Тихоокеанската флота.  

Крстосувачот денес беше пречекан од руската дипломатска мисија во Александрија. Во првиот ден од посетата планирана е церемонија на положување венец на Меморијалот на непознатиот војник во Александрија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња