Русија е заинтересирана да извезува оружје во Египет, но се поставува прашањето за платежната способност на земјата, соопшти за РИА Новости претставник од Рособоронекспорт, коментирајќи ги соопштенијата на медиумите дека за време на посетата на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу во Египет ќе се разговара и за прашањето околу испорака на оружје во вредност од четири милијарди долари.
„Традиционалните врски, наследени уште од времето на СССР, остануваат. Ние сме подготвени да водиме преговори со египетската страна за можноста за испорака на нова воена техника, како и ремонт на таа што е испорачана уште во СССР“, изјави соговорникот од Рособоронекспорт.
Тој подвлече дека во составот на руската делегација за време на работната посета на министерот за одбрана ќе се најдат и претставници од Рособоронекспорт, како и претставници од Федералната служба за воено-техничка соработка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче