Нисан ќе отвори во Русија сопствено студио за дизајн

Имаме планови да отвориме мало студио за дизајн во Москва - изјави вице-претседателот и креативен директор на Нисан Моторс, Сиро Накамура. „Тоа е важно за да се поддржат сите нови разработки (за локалните пазари)“, забележа тој. Според неговите зборови, бирото на Нисан нема да биде поврзано со дизајн-центарот на АвтоВАЗ.

Кога ќе се отвори студиото, Накамура не изјави. Но тој додаде дека просторијата за студиото е веќе избрана. Тој додаде дека компанијата планира да повика луѓе од лондонскиот диајн-центар, а исто така и дизајнери од Русија. Студиото нема да се занимава само со разработка на локални модели, туку и на глобални модели.

Нисан веќе има пет дизајн-центри во светот - два во Јапонија, еден во Кина, САД и Велика Британија, изјави претставникот на компанијата.

Во 2012 година Нисан продаде 4,9 милиони автомобили во светот, а само во Русија 147.500 автомобили. Нисан има фабрика во Русија со капацитет од 100.000 автомобили годишно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња