МНР на Холандија: скандалите меѓу Москва и Хаг не влијаат на трговијата

Дипломатските скандали меѓу Москва и Хаг не влијаат на трговските односи меѓу двете држави, изјави во интервју за РИА Новости шефот на МНР на Холандија, Франс Тимерманс.

Дипломатските скандали меѓу Москва и Хаг не влијаат на трговските односи меѓу двете држави, изјави во интервју за РИА Новости шефот на МНР на Холандија, Франс Тимерманс.

„Како што знаете, во последните неколку месеци имаше неколку дипломатски инциденти, но тие ни најмалку не влијаеја на односите во културата, науката, правото и економијата“, изјави Тимерманс.

„Треба да кажам дека што и да се случи на дипломатско поле, нема да се рефлектира негативно на нашите трговски односи, и се надевам дека наскоро нашите трговски односи само ќе се подобруваат“, изјави шефот на МНР на Холандија. Тој забележа дека во моментов Холандија се наоѓа на второто место меѓу трговските партнери на Русија, отстапувајќи само пред Кина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.