Интернет-корисниците во Русија го молат Роскомос да испрати сонда кон астероид

На Интернет започна собирање на потписи кои ќе бидат испратени на раководителот на Роскосмос, Олег Остапенко. Собирањето на потписи е со цел да се поддржи проектот за испраќање на сонда кон астероиди, проект кој е создаван од младите специјалисти од Конструкторското биро „Лавочкин“.

Во моментов петицијата ја имаат потпишано повеќе од 2.000 луѓе.

Група млади инженери од Конструкторското биро „Лавочкин“ започна  со создавање на мал вселенски апарат МКА-ЕРДУ „Анапа“ пред околу две години. Неговата маса ќе изнесува не повеќе од 400 килограми, и затоа во вселената може да се лансира заедно со другите апарати, односно, нема да има потреба од посебна ракета. Сондата ќе биде опремена со електроракетен мотор, за да се дозволи поголема слобода за маневрирање, како и можност за посетување на неколку астероиди.

Научниците начално работеа над овој проект поради чист ентузијазам, но потоа нивниот проект беше оценет од специјалистите на Централниот научно-истражувачки институт, после што за него беа изделени поголеми средства - околу 1,4 милиони денари.

Авторите на барањето го молат шефот на „Роскосмос“ да ја разгледа можноста за финансирање на овој проект, со цел да се истражуваат астероидите, како и опасностите кои од нив произлегуваат

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.