Околу 750 жители од рускиот град Самара ќе можат да добијат работа во новата фабрика за автомобилски делови која ќе ја изгради корпорацијата Bosch, пренесува владата на Самарската област.
Според соопштението, компанијата веќе купила на територијата на Самара индустриски плац за изградба на фабрика со големина од 27 хектари.
„Изборот се падна на Самарската област поради неколку причини. Регионот има висококвалифицирани инженери и работна сила, но исто така и локацијата е добра од логистичка гледна точка. Освен тоа, недалеку се наоѓа и АвтоВАЗ, еден од главните корисници на продуктите од идната фабрика“, појасни на средбата со претставниците на владата раководителот на одделот за корпоративна организација на производството, Ралф-Петер Мехник.
Според информацијата на властите од регионот, германската компанија планира да вложи 50 милиони евра во фабриката која ќе произведува дизел-системи, стартери и генератори и шасии. Фабриката треба да биде изградена и за да започне со производство во 2017 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче