Култната британска рок-група Black Sabbath, на чело со легендарниот Ози Озборн за прв пат ќе настапат во Русија на сцената на спортскиот комплекс „Олимписки“ на 1 јуни следната година во рамките на нивната европска турнеја, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на информации од организаторите на концертот.
Учесниците на оригиналниот состав на групата - Ози Озборн, Тони Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд - објавија дека ќе се соберат повторно на 11 ноември 2011 година, после што започнаа со снимање на првиот албум после три децении. Во мај минатата година Black Sabbath требаше да имаат концерт во Москва, но поради здравствени проблеми на Ајоми, концертот беше откажан.
Концертот во Москва на 1 јуни 2014 година ќе биде еден од последните во рамките на нивната турнеја во 2013-2014.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче