Државната корпорација „Ростех“ и австрискиот концерн Diamond Aircraft Industries за две години ќе организираат во Улјановск производство на дизелни авиони Diamond, во кои може да летаат 19 патници, пренесе владата на Улјановската област.
„Ова беше изјавено на состанокот посветен на перспективите за развој на малата авијација и финансирањето на соодветни програми, а кој беше воден од претседателот на владата на Русија, Дмитриј Медведев“, се кажува во соопштението.
Според информациите, до 2016 година треба да бидат произведени 60 авиони во новата фабрика, изградена во економската зона недалеку од Улјановск.
Експертите изјавуваат дека Русија во моментов има потреба од 1.300 мали авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче