Првата подморница од класата „Варшавјанка“ ќе биде испорачана на Морнарицата на Русија во јуни 2014

Три дизел-елетрични подморници од класата „Варшавјанка“ (според класификацијата на НАТО – Kilo), кои се градат за Црноморската флота во Санкт Петербург, ќе бидат предадени на флотата во 2014 година, соопшти за РИА Новости извор во воено-индустрискиот комплекс.

„На 28 ноември ќе биде пуштена во вода првата подморница од серијата – „Новоросијск“. А во следната година, некаде кон крајот на јуни, „Новоросијск“ ќе биде предадена на Воено-морските сили на Руската Федерација. Исто така планирано е предавање на уште две други подморници: „Ростов-на-Дон“ и „Стари Оскол“, изјави изворот од воено-индустрискиот комплекс.

Првата подморница од серијата 636 за Воено-морските сили на Русија започнала да се гради во август 2010 година, втората во ноември 2011, а во средината на август 2012 – третата. Притоа, целата серија од шест подморници треба да биде предадена на Црноморската флота до 2016 година.

Подморниците од проектот 636 спаѓаат во третата генерација подморници, имаат депласман од 3.100 илјади тони, брзина од 20 јазли, длабочина на нуркање од 300 метри и екипаж од 52 лица. Од вооружувањето имаат торпеда од калибар 533 мм (шест апарати), мини, ударен ракетен комплекс „Калибар“. Предноста на овој вид подморници е тоа што може да открие противник на 3-4 пати поголеми растојанија отколку нивните противници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.