Повеќе од половината Руси (57%) за своите деца би избрале државни училишта, а дури 52% би ги однеле своите деца во детските градинки. Ова се податоци од анкетата на Фондот за јавно мислење.
Приватни училишта би избрале само 13% од граѓаните, а приватни детски градински - 15%. Притоа, 30, односно 31% од граѓаните сметаат дека условите во приватните и државните училишта и детски градинки се различни. Според 43% од граѓаните, државните училишта им даваат на децата поквалитетно образование.
Повеќето Руси (21%) претпочитаат државни детски градинки, бидејќи за нив не треба да се плаќа и се посигурни.
Бесплатното образование и унифицираниот образовен стандард се основни причини за избор на државните училишта од страна на граѓаните. Приватните училишта граѓаните ги избираат поради квалитетното образование (5%) и поголемото внимание кон децата (4%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче