Главниот град на Татарстан, Казањ е прогласен за еден од четирите главни градови на спортот во светот, заедно со Дубаи, Лондон и Оукленд, се наведува во соопштението на официјалната интернет-страница на Универзијадата 2013.
Во Лондон на 6 ноември беше одржана свечена церемонија на доделување на Меѓународната награда за достигнувања во областа на спортскиот менаџмент, единствена меѓународна награда од овој вид во светот. Казањ, кој во 2013 беше домаќин на 27 Универзијада, награден е во категоријата „Најдобар спортски град“.
Наградата ISEM се доделува годишно во последниве 7 години. Таа се доделува на најдобрите организатори на спортски манифестации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче