Египет е подготвен да купи оружје од Русија во вредност од 4 милијарди долари

Египет може наскоро да купи од Русија најсовремени видови оружје, при што сумата на првата зделка може да изнесува 4 милијарди долари, пренесува палестинското издание „Дуња ал-Ватан“.

Египет може наскоро да купи од Русија најсовремени видови оружје, при што сумата на првата зделка може да изнесува 4 милијарди долари, пренесува палестинското издание „Дуња ал-Ватан“.

Изданието тврди дека Москва му предложила на Каиро „да склучи историски договор, давајќи му право да ги избере најсовремените видови вооружување, без никакви ограничувања, што порано често се случувало.“

Соопштенијата за можната воена зделка меѓу Египет и Русија се појави пред посетата во Каиро на претставници од Русија. Како што пренесува РИА Новости, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на Русија, делегацијата на чело со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, од 12 до 15 ноември ќе ја посети Србија и Египет.

Според податоците до кои дошол весникот, во составот на руската делегација ќе влезе и првиот заменик директор на Федералната служба на Русија за воено-техничка соработка, Андреј Бојцов и претставници на Рособоронекспорт.

Од 50-те до 70-те години од минатиот век главен испорачувач на оружје во Египет беше Советскиот Сојуз. Испораките прекинаа после промената на политичкиот курс на државата на чело со Анвар Садат, кој претпочиташе да соработува со САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња