Првите четири руски хеликоптери Ми-35 пристигнаа ноќта во петокот во ирачкото пристаниште Ум Касар, се кажува на официјалната интернет-страница на премиерот на Ирак, Нури ал-Малики. На интернет-страницата се наоѓа и фотографија од испорачаните руски хеликоптери.
Претходно министерот за одбрана на Ирак, Садун ал-Долејми, изјави дека оружјето кое е испорачано е нарачно уште пред неколку месеци.
Како што пренесе за РИА Новости еден од раководителите на владејачката фракција во Ирак, Абас ал-Бајати, држават очекува испорака и на останатите хеликоптери од договорот склучен меѓу Москва и Багдад (40 хеликоптери Ми-35 и Ми-27НЕ) до крајот на оваа година.
Ирак ќе ги употреби хеликоптерите за заштита на границите и борба со терористите на ирачката територија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче