Проектот за изградба на нуклеарна централа во Калининградската област со изолиран енергетски систем ќе чини 8 милијарди долари, објавено е во среднорочната федерална програма за развој на регионот.
Како што се кажува во документот, до 2020 година ќе бидат вложени 8 милијарди долари.
„Изградбата на Балтичката нуклеарна централа се врши од небутџетски извори (кредити од банки, инвеститори)“, се кажува во проектот на регионот.
Решението за изградба на нуклеарна централа во регионот е донесено уште пред 4 години. Се планира оваа нуклеарна централа да ја снабдува со електрична енергија не само Калининградската област, туку и околните држави. Планирано е изградбата да првиот блок да заврши во 2016 година, вториот во 2018. Рокот на служба на централата треба да изнесува 50 години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче