66% од Русите имаат позитивно мислење за полицијата

Процентот на Руси кои имаат позитивно мислење за припадниците на органите на редот и мирот порасна од 63% на 66%, сведочат податоците од анкетата спроведена од Фондот за јавно мислење.

Процентот на Руси кои имаат позитивно мислење за припадниците на органите на редот и мирот порасна од 63% на 66%, сведочат податоците од анкетата спроведена од Фондот за јавно мислење.

Ако минатата година 6% од Русите забележале промени на полошо во работата на полицијата во своите градови и реони, сега овој показател порасна до 9%. Од 37 до 41% е зголемен бројот на анкетирани кои сметаат дека МВР добро ги заштитуваат нивните лични и имотни интереси.

Притоа, во 2012 година 14% од анкетираните изјавиле дека припадниците на полицијата се тие кои ги нарушувале правилата, додека во 2013, тој процент е намален до 11%.

Исто така порасна и бројот на граѓани кои се подготвени да соработуваат со полицијата: ако во минатата година 61% од граѓаните биле подготвени да соопштат информација за извршен криминал или престап, тогаш годинава дури 66% се подготвени да го направат истото.

Анкетата е извршена од јули до септември 2013. Анкетирани се 135.000 граѓани на Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња