Само мобилните телефони кои одговараат на барањата за поддршка на рускиот систем ГЛОНАСС ќе можат да се користат во Русија, пишува Digit.ru, повикувајќи се на наредба од Министерството за комуникации и врски.
Според документацијата, за обезбедување на стабилност во функционирањето на унифицираната мрежа и комуникации во Русија, станува потребно да се користи навигацискиот сателитски систем ГЛОНАСС. Приоритет станува имплементирањето на технологијата ГЛОНАСС во мобилните телефони. Затоа Министерството за комуникации и врски издава документ со кој се дефинираат барањата кои треба да ги исполнат мобилните телефони кои имаат поддршка за навигациска технологија.
После прифаќањето на овој документ, продавачите и произведувачите на мобилни телефони ќе добијат инструкции околу понатамошното продавање/произведување на ваквиот вид апарати - тие ќе треба да потврдат дека нивните производи одговараат на барањата за вклучен приемник на сигналот на ГЛОНАСС системот.
Планирано е овие измени да стапат во сила во првиот квартал од 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче