Институтот за нуклеарна физика „Букдер“ при Руската академија на науки до нова година ќе создаде модел на системот за нагревање на плазмата за идниот термонуклеарен реактор кој треба да го создаде американската компанија Tri Alpha Energy, соопшти директорот на институтот, Александар Иванов.
Компанијата Tri Alpha Energy се занимава со создавање на нова технологија за термонуклеарна синтеза, основана на соединување на јадрата на девтериумот и тритиумот за време на реакција меѓу водород и бор-11. Оваа реакција доведува до појава на јаглерод-12, а потоа и создавање на три јадра на хелиум-4, кој речиси не испушта неутрони. Оваа технологија се смета за перспективна за енергетиката.
Сибирските научници за овој проект создаваат уред за загревање на плазмата - атомски вбризгувачи со голема моќност.
Во Институтот изјавија дека вредноста на проектот изнесува неколку стотици милиони рубљи, а сериското производство на вбризгувачите е планирано за следните 10 години, веднаш после создавање на прототип.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче