Екипажите на идните експедиции на Меѓународната вселенска станица (МВС) ќе летаат до станицата по „кратка“ шестчасовна шема, соопшти Олег Остапенко на конференцијата за печатот организирана од Роскосмос.
До март годинава сите експедиции летаа до МВС два дена, а потоа преминаа на користење на „кратката шема“, но не беше јасно дали ова ќе биде постојана пракса.
„Да, и понатаму ќе се користи оваа шема (шестчасовната)“, изјави Остапенко.
Во четвртокот кон МВС се упати екипажот на новата експедиција со бродот „Сојуз ТМА-11М“. Шест часови после лансирањето, екипажот успешно се споил со станицата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче