Рекордно висока температура за ноември е регистрирана во низа региони на Русија

Во Москва и во низа региони во европскиот дел на Русија се регистрирани апсолутни максимуми на температурите за ноември, соопштува Хидрометеоролошкиот центар на Руската Федерација.

Во Москва и во низа региони во европскиот дел на Русија се регистрирани апсолутни максимуми на температурите за ноември, соопштува Хидрометеоролошкиот центар на Руската Федерација.

Вчера во 17:00 часот температурата во главниот град на Русија се искачила до 16,2 степени, што е нов максимум за тој ден (претходниот рекорд изнесувал 11,6 степени во 1922 година) и апсолутен рекорд за целиот месец (претходниот изнесува 14,5 степени).

Аномално високи температури се забележани и во централниот дел на европска Русија. во градовите Твер, Јарослав, Кострома, Иваново, Владимир, Рјазањ, Калуга, Тула, Брјанск, Орл и Тамбов се регистрирани нови температурни рекорди. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња