Речиси половина Руси сметаат дека е можна демократија без опозиција

Речиси половина од Русите (42%) сметаат дека демократијата во Русија е можна и без опозиција, сведочат податоците од анкетата на Серускиот центар за изучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Речиси половина од Русите (42%) сметаат дека демократијата во Русија е можна и без опозиција, сведочат податоците од анкетата на Серускиот центар за изучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Притоа, се забележува дека оваа позиција ја застапуваат сѐ помалку Руси (во 2005 ја поддржувале 48%). Бројот на луѓе кои сметаат дека плурализмот на мислења е потребен порасна од 33% на 48%.

Повеќето граѓани велат дека опозицијата треба да ѝ ги укаже на власта грешките и да помага во работата (50% во 2013 година и 54% пред осум години).

40% од Русите сметаат дека опозицијата треба да создаде сопствен курс и да управува со државата (пред осум години - 29%). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња