Путин ќе одржи средба со кралот на Холандија

Кралот на Холандија, Вилем-Александар и неговата сопруга Максима, вчера дојдоа во Русија на дводневна посета. Планирано е да се одржат преговори со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Кралот на Холандија, Вилем-Александар и неговата сопруга Максима, вчера дојдоа во Русија на дводневна посета. Планирано е да се одржат преговори со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Во октомври 2011, Дмитриј Медведев, кој тогаш беше претседател на Русија, и премиерот на Холандија, Марк Рјуте, потпишаа договор, според кој двете земји треба да одржуваат средби преку една година.

Заедно со кралското семејство, во Москва дојде и министерот за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс.

Во сабота кралското семејство ќе учествува на отворањето на круглата маса на раководителите на руските и холандските компании. Средбата ќе ја отворат министерот за надворешна трговија на Холандија, Лилија Плумен и вице-премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович. После средбата кралот и кралицата ќе ја посетат изложбата „Повеќе од романтизам“ во Третјаковската галерија, каде тие ќе ги разгледаат делата на холандските уметници од првата половина на 19 век.

Посетата на кралското семејство во Русија ќе заврши со посетата на Московскиот конзерваториум „П. И. Чајковски“. Таму холандскиот кралски оркестар ќе го исполни концертот број 3 на Лудвиг ван Бетовен за фортепијано со оркестар, како и симфониската поема на Штраус - „Животот на херојот“.  Концертот ќе се одржи во чест на 125-годишнината од создавањето на оркестарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.