Граѓаните на Томск ќе имаат можност да погледнат нано-претстава

Граѓаните на рускиот град Томск ќе имаат можност да погледнат необични претстави на младинскиот фестивал на аматерски и професионални театарски студии „New f - 2013“. Една од тие претстави ќе биде претставата со тридимензионални самоформирачки нано-структури, соопшти на новинарите Татјана Гришаева, директор на центарот „Аелита“, каде ќе се одржи фестивалот.

Деветтиот фестивал "New f - 2013" ќе се одржи во Томск од 8 до 10 ноември. На него ќе учествуваат млади режисери и актери од Томск, Новосибирск, Мариинск и Киров.

„Ние сакаме непрофесионалните театри да се самореализираат, создавајќи за нив услови без посебни ограничувања. Еден колектив, на пример, може да прикаже претстава со име „Тридимензионални самоформирачки нано-структури“. Ние се обидуваме да ги прикажеме новите тенденции и правци кои веројатно и немаат име во овој момент“, изјави Гришаева. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња