Руската општествена телевизија со зголемено финансирање

Финансирањето на „Општествената телевизија на Русија“ (ОТР) од буџетот ќе биде зголемено за 20%, односно од 35 милиони евра на 41,2 милиони евра. Соодветните поправки во проектот на законот за буџетот за 2014 се внесени од претседателот на думскиот комитет за информации, Алексеј Митрофанов и вице-спикерот Сергеј Железњак, пишува „Комерсант“.

Според податоците на „Комерсант“, ОТР побарала од депутатите да се зголеми финансирањето на телевизискиот канал уште во октомври, изјавувајќи дека општествената телевизија има премногу мало финансирање за остварување на планираните проекти.

Идејата за создавање во Русија на општествена телевизија ја изнесе Дмитриј Медведев. Кон крајот на декември 2011 година, уште како претседател на државата, Медведев предложи да се разгледа ова прашање.

Општествената телевизија во Русија е создадена со цел развивање на граѓанското општество во Русија, просвета и образование и пропаганда на општочовечки морални вредности. Во етерот на телевизијата нема никакви комерцијални влијанија и реклами. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.