Претседателот на Русија, Владимир Путин, во Државната Дума даде на разгледување предлог закон за почесто користење на химната и знамето, што, според мислењето на шефот на државата, треба да влијае на јакнењето на патриотскиот дух, пред сѐ кај малдите.
Путин исто така смета дека сегашниот руски устав и во иднина ќе биде актуелен и ќе остане еден од најстабилните законски акти.
Претседателот изрази надеж дека основните уставни одредби ќе станат составен дел од општествената свест и дека граѓаните на Русија ќе ги сметаат за најважен елемент во стабилниот развој на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.