Путин апелираше да се работи на јакнење на односите меѓу Русија и Украина

Владимир Путин на својот украински колега Виктор Јанукович и на целиот народ на Украина им ја честиташе 70-годишнината од ослободување на Киев од германската фашистичка окупација и апелираше да се работи на јакнење на односите меѓу Москва и Киев.

„Ние имаме морален долг со почит да се сеќаваме на ослободителите, како светост да ги чуваме пријателските односи и заемната поддршка која нам ни ја заветуваа и со цела сила треба да работиме на јакнење на вековната поврзаност меѓу Русија и Украина“, се наведува во телеграмата на честитката.

Претседателот на Русија на ветераните на Втората светска војна кои живеат во Украина им посака добро здравје, среќа, успех и сѐ најдобро во животот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња