Корветата „Бојки“ на вежби ја уништи подморницата од типот „Варшавјанка“

Корветата на Балтичката флота „Бојки“ ја уништи подморницата на условниот противник, чија улога ја играше дизел-подморницата од типот „Варшавјанка“, соопшти за новинарите во четвртокот Владимир Матвеев, официјален претставник на Балтичката флота на Русија.

„Екипажот на најновата корвета на Балтичката флота ’Бојки’ на морските полигони исполни неколку вежби. Заедно со противбродскиот авион Ка-27ПЛ, екипажот на корветата изврши барање, откривање и уништување на подморницата на условниот противник со примена на противподморничко оружје“, изјави Матвеев.

Улога на противничка подморница играше „Варшавјанка“ - тип на подморници кои се слават со својата бесшумност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња