Два модернизирани МиГ-31БМ започнаа воено дежурство во Западниот воен округ на Русија

Два модернизирани ловци МиГ-31БМ започнаа со военото дежурство во авиобаза во Западниот воен округ, изјави началникот Олег Кочетков на конференција за печатот во четвртокот.

Два модернизирани ловци МиГ-31БМ започнаа со военото дежурство во авиобаза во Западниот воен округ, изјави началникот Олег Кочетков на конференција за печатот во четвртокот.

„Денес во авио-базата „Хотилово“ во Западниот воен округ, дислоцирана во Тверската област, започнаа со воено дежурство првите два модернизирани ловци МиГ-31БМ“, изјави Кочетков.

Тој додаде дека годинава во рамките на базата ќе се појави посебен наставен центар во кој ќе се оспособуваат идните пилоти. „Симулаторот целосно ќе ги имитира условите во кабината и системите за управување со модернизираните ловци, а ќе им дозволи на пилотите да го вежбаа полетувањето и слетувањето, маневрирањето во воздухот, примена на авио-средствата за уништување на воздушните цели, како и други дејства во услови на борба“, појасни Кочетков.

Авионот МиГ-31БМ е современа верзија на суперсоничниот ловец. Авионот е предназначен за пронаоѓање и уништување на воздушни цели на мали, средни и големи височини во било кое време на денот и во било кои временски услови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња