Руската компанија АвтоВАЗ за десет месеци од оваа година продаде 443.265 автомобили, што е за 12,8% помалку од показателот за истиот период во 2012 година, соопштено е на конференцијата за печатот.
Во октомври компанијата реализираше 45.732 автомобили Лада, што е за 3,6% помалку од септемврискиот показател. Во Русија дилерите на оваа марка продадоа 37.484 автомобили, што е за 6,3% помалку од податоците за претходниот месец.
АвтоВАЗ во октомври продал во странство 8.248 автомобили Лада, а од почетокот на годината – 62.413 автомобили од рускиот автогигант.
Лада Гранта води во продажбите на компанијата веќе 14 месеци по ред.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче