Во Санкт Петербург започна изградбата на најмоќниот нуклеарен мразокршач на светот

На Балтичкото бродоградилиште започна изградбата на најмоќниот мразокршач на светот, напреден модел на универзалниот мразокршач со променлива длабочина на загазување.

На Балтичкото бродоградилиште започна изградбата на најмоќниот мразокршач на светот, напреден модел на универзалниот мразокршач со променлива длабочина на загазување. Оваа особеност на конструкцијата овозможува бродот да плови како во поларните мориња, така и во води кои се поплитки од океанските, што значи дека може да запловува и во реките. Планирано е да биде користен во западниот реон на Арктикот (во Баренцовото, Печорското и Карското море), како и на плитките делници на Енисеј и во реонот на Обскиот залив.

Техничкиот проект на овој брод на нуклеарен погон во 2009 го изработи централното конструкторско биро „Ајсберг“. Во ноември минатата година на бродоградилиштето започна сечење на металот за изградба на мразокршачот. ПРвиот заменик на генералниот директор на корпорацијата “Росатом“, Иван Каменски, изјави дека се очекува завршување на изградбата во декември 2017. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња