Во Нижегородската област заврши изградбата на брод-мета за Воената морнарица на Русија, објави Централниот информативен портал на воената морнарица. Бродот, кој ќе служи како мета, на 1 ноември заплови до местото на регистрација.
На бродот е поставена специјална мрежа за одбивање на проектили која е лесно воочлива на радарите. Во текот на воените вежби ќе се гаѓа имено оваа мрежа. Трупот на бродот-мета се состои од неколку издвоени комори кои не пропуштаат вода, така што бродот може да продолжи со пловидбата дури и ако дојде до оштетување.
Изградбата на бродови-мети за Руската воена морнарица започна во 2003 година. Се очекува изградба на повеќе вакви бродови поради зголемената потреба на Воената морнарица на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче