Самитот Русија-ЕУ е пренесен од декември во јануари, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на високопоставен дипломат кој е одговорен за односите со Русија во ЕУ.
„Сега ги усогласуваме датумите на самитот за крајот на јануари“, изјави дипломатот, додавајќи дека „пренесувањето на датумот е поврзано со проблеми во распоредот“.
Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека точното време на одржување на самитот ќе се знае после усогласувањето со колегите во ЕУ.
Претходно беше соопштено дека Русија се надева на потпишување на договор за олеснување на визниот режим со ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче