Руските власти ќе ги ограничат набавките на раскошни предмети

Владата на Русија ја разгледува можноста за ограничување на набавките кои спаѓаат во категоријата „раскош“, пренесува РИА Новости.

Владата на Русија ја разгледува можноста за ограничување на набавките кои спаѓаат во категоријата „раскош“, пренесува РИА Новости.

Министерството за економски развој подготви документ, според кој треба да се регулира купувањето на автомобили. Имено автомобилите привлекуваат најголемо внимание на јавноста, бидејќи најчесто чиновниците купуваат автомобили од бизнис-класата.

„Се создаваат барања за квалитетот и квантитетот, својствата и други карактеристики на стоките, услугите и работите со кои се задоволуваат државните потреби, но кои не се воедно и предмети на раскош“, пишува во проектот на владата на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.