Кризата насекаде во светот го намали задоволството од животот и довербата кон јавните институти, но не и во Русија.
Невработеноста и напрегнатата ситуација во финансиската сфера за време на финансиска криза сериозно влијаат на самодовербата на луѓето и нивното расположение – нивото на задоволеност од животот паѓа во повеќето такви земји. Русија, наспроти кризата, стана „среќен исклучок“ – овде бројот на среќни граѓани за време на криза порасна.
„Довербата на луѓето кон општествените институти и нивното задоволство од демократијата забележително паѓа за време на криза – такви се резултатите од истражувањето спроведено од Организацијата за економска соработка и развој. Кризата ги руши политичкиот и институционалниот капитал на многу држави, најмногу таму каде кризата е поголема“, покажаа резултатите од истражувањето спроведено во 36 држави. Авторите н истражувањето не ги споредуваат само макроекономските показатели, туку и задоволството кај населението.
Нивото на задоволство се мери по анкета, а како референтна вредност земено е задоволство во 2008 година (100%). Од тогаш па до сега, во Грција задоволството паднало за 20%, Италија – 12%, Шпанија – 10%, САД – 7%, Турција – 5%, додека во Русија нивото на задоволство пораснало дури за 5% во последниве 5 години (раст има и во Израел, Мексико и Шведска – 5%, и во Германија – 4%). Впрочем, средната плата во 2007 во Русија изнесуваше 288 евра, а во 2012 – 522 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче